Последен ден од расправата по дополнетиот предлог Буџет за 2023

Кој ја довел земјава на ова дереџе, кој за кого е Швајцарија, кој што направил и не направил за економијата, за граѓаните, здравството, пензионерите.

И на финалната расправа за најтешкиот буџет до сега вреден 5,3 милјарди евра жестоки обвинувања меѓу власта и опозицијата.За власта тој е развоен и одговор на кризата, за опозицијата недомаќински, ќе го зголеми дефицитот и јавниот долг. 

Пратениците се скараа околу капиталните инвестиции, поддршката на општините, за растот на платите, пензиите.

Во државната каса догодина е планирано да се соберат 4,6, а да се потрошат 5,3 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на 700 милиони, а догодина треба да се задолжиме 1,5 милијарди евра за да враќаме стари долгови и да ја пополниме дупката во државната каса.

Проектиран е економскиот раст од 2,9% и стапка на инфлација од 7,1% и рекордно ниво на капитални инвестиции од 800 милиони евра.