Последен ден од изборната кампања пред вториот круг од локалните избори, главната борба во Скопје
Дали и што друго крие Арсовска прашуваат и денеска од Бихаќка откако во изминатите неколку дена владејачката СДСМ повикувајќи се на официјалниот сајт на бугарското МВР посочија дека Арсовска и нејзиниот сопруг поседуваат бугарско државјанство и лични карти. Ниту денеска не изостанаа овие прашања но и препукувањата на партиите на само неколку часа пред истекот на кампањата и почетокот на изборниот молк пред вориот круг на локалните избори.
Арсовска пак и во изминатите неколку денови во своите јавни настапи но и во денешното видео обраќање посочи дека кампањата која се води против неа нема да ги спречи ниту предомисли гласачите , а за истата најави и институционална разрешница.
Темата за државјанството на Арсовска стана актуелна и во Бугарија меѓу бугарските политичари, и медиуми. Исто така битката за во Скопје деновиве се повеќе го актуелизира прашањето и околу евентуалното ново мнозинството на советници во град Скопје за кое власта тврди дека се уште е стабилно додека пак опозицијата тврди дека веќе го има откако денеска во краток телефонски разговор за ТВ 24 и Гаши посочи дека постигнале согласност со Мицкоски , кој пак тврди дека го има мнозинството во град Скопје.