Последен ден од гласањето за Европскиот парламент
Foto

Последен ден од гласањето за Европскиот парламент

Со европските избори за нов состав на европскиот парламент, почнува новиот политички циклус во Унијата, кој вклучува и промени во водењето на нејзините институции. Изборите се во време на планираното излегување на Британија од ЕУ, но и заканите кои доаѓаат од внатре и од надвор. Истражувањата и анкетите велат дека крајно десничарските народни партии можат добро да котираат, што би влијаело на донесувањето на некои одлуки во следните пет години. 

Важни се резултатите на националниот фронт на Мари Ле Пен во Франција и на италијанската лига на Матеа Салвини, кои се главни непријатели на европските планови на францускиот претседател Макрон. 

„Жителите на Хајцинг се храбри гласачи, очекуваме одзивот да биде околу 50 насто“ - велат гласачите.

„Потребно Ни е повеќе заедничко управување, да се посветиме на проблемите од заедничките правила, повеќе работа за животната средина“ - велат гласачите.

„Сакам повеќе европска солидарност. Европа која заеднички работи. Секоја земја има свои барања и нормално е секоја држава да оди во правец во кој сака. Но за клучните одлуки потребно е единство“ - велат гласачите.

Кандидатот на германскиот десен центар за претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, изрази надеж дека гласачите на европските избори ќе ја поддржат „стабилна Европа“ и „обединет и амбициозен континент”.

„Не сакам да ја видам европска десно-популистичка Европа, која сака да ја уништи идејата за заедништво, но, исто така, сум и против Европа во рацете на левицата“ - вели Манфред Вебер – Германски десен Центар

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги повика Унгарците да гласаат за да се запре миграцијата не само во Унгарија, туку и во цела Европа.

„Унгарија е против миграцијата. Се надевам на промени во европската јавна арена во корист на партиите кои сакаат да ја запрат миграцијата. Западните политичари пробуваат да ги убедат граѓаните дека тоа е неможно, но мислам дека тоа не е вистина“ - рече Виктор Орбан – премиер на Унгарија.

Се очекува Европската народна партија да остане најбројна, макар што, како и социјалдемократите, може да изгубат до 40 места во ЕП. Успех, според анкетите, може да доживее Европскиот Сојуз на народи и нации, десна евроскептична коалиција. Денеска е убав ден, ден на демократијата, но и ден на одговорност за сите, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас откако гласаше.

„Сега е време и ден на одговорност, секој и секоја да го ратификува, да го одобри, да го заштити текот на економското закрепнување, но и мерките за поддршка и олеснување на мнозинство од општеството“ - вели Ципрас.

Новиот состав на ЕП ќе се собере на 2 јули. Прва задача ќе им биде да го изберат новиот претседател на ЕК, а потоа и наследниците на Могерини и Хан. 

Фаворит за наследник на Јункер е Манфред Вебер, лидер на европската народна партија.

0 Коментари

Остави коментари