После обвинителството и Народниот правобранител отвара предмет за извидничкиот камп

Вратата на „Првиот скопски извиднички одред“ во скопско Дебар маало под клуч. Ги посетивме со цел, наместо преку соопштение да проговорат пред камератшто точно организирале за време на кампот-но и денеска останаа недостапни како најповикани.

Родителите и понатаму гневни и револтирани во своите реакции, велат,  експлицитноста на активностите на Првиот скопски извиднички одред ги преминал границите на нормалната едукација - децата биле наведувани да соблекуваат делови од своето тело и голи пред своите извидници/пријатели да демонстрираат отпечатоци на хамер од своите полови органи, тврди за ТВ24 еден од родителите чии дете земало учество на кампот.

Скандалозниот извиднички камп ја разгори јавноста откако се обелоденија активностите на кои биле изложени учесниците на кампот а кои содржеле според дел од родителите екстремни сексуални перверзии за деца на возрат од 16 години. За случајот алармирани се сите надлежни институции.

Според неофицијални информации од истрагата учесниците и организаторите ќе се повикуваат на дополнителни информативни разговори во МВР, а до сега само еден од организаторите бил повикан и е извршен разговор. Во официјалниот дел на истрагата се појаснува дека:

Случајот со извидничкиот камп под лупа на Обвинителството од каде информираат дека во координација со Министерството за внатрешни работи, истражуваат што точно се случувало за време на извидничкиот камп изминатиот викенд, а каде учествувале 32 помлади малолетници.

Во меѓувреме, Народниот правобранител отвори предмет за извидничкиот секс-скандал. 

Вчера, по дводневен молк, преку соопштение, од „Првиот скопски извиднички одред“ се изјасниј дека внимателно го разгледале случајот и оти сметаат дека сведочењата за настанот биле извадени од контекст, а игрите погрешно протолкувани.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Град Скопје го финансирал проектот „Секс, извидници и рокенрол, а вчера градската власт се огради од активностите на кампот и го прекина договорот со Првиот скопски извиднички одред.