Поскапување на катастарските услуги – Комората на геодети го оправдува новиот тарфифник но не и зголемените цени на катастарскиот сервис
Од 50 до 90 отсто се зголемени цените на геодетските услуги – елеборати, проекти, мерење на невдижен имот, делби. Новиот тарфник за геодетските услуги е прифатлив за Комората на геодети, велат ова драстично поскпаување дошло како шок бидејќи цела деценија цените биле замрзнати. Но од Комората тврдат дека не е оправдано поскпаувањето на услугите кои ги дава Катастарот – една од нив издавање на имотен лист.
По судската разврска, Комората повторно ги вратла одземените овласувања во 2021-та. Рибароски вели Катастарот врши упад во работтата на Комората бидејќи со новиот правилник и оваа агенција има ингеренција да издава или одзема лиценци, односно дозволи за работи.
Од 15-ти овој месец на сила е новиот тарифник и за геодетски и за катастарски услуги.. За упис на новокупен стан во Катастар за имотен лист цената од 1.250 денари е зголемена на најмалку 3.750 денари. Доплнително се плаќаат уште 600 денари за нотарски услуги.
До овој момент иако побаравме, не успеавме да добиеме одговор од раководството на Агенцијата за катастар во однос на цените, но и за обвинувањата од Комората на геодети.