Поскапуваат јапонските автомобили во САД
„Тојота“ ќе ги зголеми цените на некои од возилата што ги продава во САД за повеќе од 200 долари, почнувајќи од следниот месец.
Некои модели со брендовите Тојота и Лексус ќе добијат зголемување на цената во просек за 270, односно 208 долари, соопшти Нобу Сунага, портпарол на јапонскиот производител на автомобили, во е-порака во саботата.