Поскапуваат бензините за половина денар, дизелот поевтинува за денар

Од полноќ, бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот поевтинува за еден денар.

Според новата одлука на регулаторната комисија еуросупер бс-95 ќе се продава по цена од 95 денари, а еуросупер 98 по цена од 97 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 85 денари за литар.

За пола денар се намалува цената на екстра лесното масло за домаќинство, а се зголемува малопродажната цена на мазутот која ќе изнесува 54,963 ден/кг.