Поскапува лебот
Foto

Поскапува лебот

Откако помалите производите ја зголемија цената на лебот и белите печива за 2 до 3 денари, корекција на цената најавува и најголемиот производите во земјава Жито Лукс. Од компанијата велат дека минимално ќе се поскапат само одредени видови на бели лебови.

„Во последниве две години се соочуваме со континуирано покачување на цените на производствените инпути, особено енергенсите и суровините. Посебно последнава година, кога имавме драстично зголемување на цените на гасот, нафтата и електричната енергија, истовремено и на пченицата, а тоа се ресурси кои директно влијаат на цената на чинење на нашите производи“ - велат од Жито Лукс.

Цената на брашното се покачи за 2 денари уште пред два месеци, но тоа повлече повисока цена кај лебот дури сега. Мелничарите вели дека пченицата годинава е со лош квалитет и ја нема доволно во Македонија, но може да се купи од соседните земји. ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека со поскапувањето на лебот почнува да врти инфланторното тркало на поскапувања на сета храна.

„Цената на пченицата се формира врз основа на цените пред жетвата, оваагодина пред тоа беа пуштени големи количества на пченица на пазарот по цена од 7 до 8 денари како и увезено брашно од Србија и Косово.“ - изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за земјоделие ја смирува ситуацијата. Државата има механизми за контрола на заштитената цена на леб.  Доколку дојде до драстично зголемување на цените што би влијаело врз поскапување на животниот стандард,постои можност да интервенираме преку Агенцијата за стокови резери, која што направи јавна набавка од 13.000 тони пченица.На тој начин ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот. Последен пат брашното и лебот поскапеа пред 7 години поради повисоката цена на пченицата и нафтата на светските берзи. Македонија произведува само половина од годишните потреби на пченица, останатото се увезува.

0 Коментари

Остави коментари