Посетителка на ЗОО Скопје се тестирала за птичји грип
И третото лице кое се тестираше за птичји грип е негативно. Се работи за жена која била посетителка во зоолошката градина. Таа отишла на инфективната клиника од каде што била препратена во Институтот за јавно здравје.
„Кај граѓаните не треба да се јавува паника бидејќи, штом вработените што секојдневно биле во контакт со животните во Зоолошката се негативни на тест за птичји грип, многу мали се шансите некој од посетителите да го има вирусот.“ - ИЈЗ.
Војо Иванов негувателот од зоо Скопје за тв24 вели дека сите случувања во зоолошката се драма и потички циркуз се со цел да се привлече вниманието, бидејќи градот Скопје ја води зоолошката.
„Ние сме само повторно уште една мета во низата на инциденти кои во последниве две години ни се случија и сме само мета и простори за веројатно некое политичко докажување за сите структури кои што се инволирани во овој процес а да потсетиме дека нашата институција ја води градот скопје и со целиот политички став кои што тие го имаат ова е само рефлексија на тоа што се случува.“ - Војо Иванов Зоолошка Скопје.
Епидемилозите велат дека птичјиот грип може да се пренесе на човекот но, шансите за тоа да се случи се многу мали и како што велат нема потреба од паника.
„Постојат три типа на симптоми, првиот симптоми се најлесните гриповни симптоми. Зацрвенување на очите или течење на нос, вториот тип е малку потешка симтоматилогија или која се манифестира со кашлање и третата ни е проливот.“ - Сашо Олумчев епидемилого.
Во петокот во зоолошката градина беше потврден птичји грип кај една од птиците, по што екипите на Агенцијата на храна и ветеринарство влегоа и убија 36птици. Потоа дел од вработени во зоолошката беа тестирани на птичји грип и ставени под засилени контроли. Зоолошката ќе биде затворена уште 18дена.
Од почетокот на случувањата во зоолошката градина со свој став не излегоа ниту градот Скопје ниту пак Директорот на зоолошката градина.