Посетата на Петков е успех и за Скопје и за Софија
Foto

Посетата на Петков е успех и за Скопје и за Софија

Новите видици на Петков и Ковачевски се гледаат низ стакла со различна диоптрија во Скопје и Софија. За едните успех за другите пораз, какви отстапки се направија и дали Македонија игра низ тесен маневарски простор во решавањето на проблемите со Бугарија.

Официјалната посета на Македонија, бугарскиот премиер Петков, денеска ја опиша како голем успех.

- Ние подадовме рака, први отидовме, а тие ни дадоа нота која ја баравме две години. И тоа не е само за употребата на краткото и долгото име, туку значи дека Северна Македонија нема територијални претензии кон Бугарија. Ова е нешто многу нормално да го кажат, но за оваа нота е разговарано, разговарано, преговарано, и само затоа што направивме нов пристап, тоа го добивме. - рече Кирил Петков премиер Р. Бугарија.

И бугарскиот претседател Радев денеска задоволен – според него, владата на Бугарија има потенцијал да го ревитализира дијалогот меѓу Софија и Скопје. 

- Ќе го потврдам мојот став како претседател на сите Бугари дека рамноправноста на македонските Бугари, од кои многумина се бугарски државјани, мора да биде загарантирана со нивно вклучување во уставот на земјата на еднаква основа со другите делови на нацијата. - рече Румен Радев претседател на Р. Бугарија.

За претседателот Пендаровски посетата на бугарската делегација е успех , но наспроти ова, барањето на Софија, да се запишат Бугарите во македонскиот Устав,  е мешање во внатрешните работи.

- Како што јас немам право и не смеам да кажам „ти ќе им ги дадеш правата на Македонците во Бугарија, така и тој нема право да ми каже дали треба или мора да ги впишеме Бугарите во Уставот. Тоа е наша суверена одлука. - рече Стево Пендаровски претседател на РСМ.

Од другата страна на оптимизмот, стои песимизам во однос на новите потези, дел од политичката елита со различен став. Екс премиерот на Бугарија, Бојко Борисов критикува. 

- Вечерва мирно спиев, Северна Македонија нема да ја нападне Бугарија и нема да има територијални претензии. Толку години македонски политичар не се осмели да ми каже дека нема да имаат територијални претензии кон Бугарија. Спијте мирно - Банско останува бугарско, ќе одите на скијање. - изјави Бојко Борисов ГЕРБ.

Досегашниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров пак се изјасни дека Македонија со испраќањето нота до ОН за користење на краткото име Севеверна Македонија направила отстапка, без Бугарија да возврати соодветно и со дипломатски реципроцитет.

0 Коментари

Остави коментари