Посета на спомен-домот на Конески во Небрегово во рамки на отворените денови на институтот за македонски јазик
Foto

Посета на спомен-домот на Конески во Небрегово во рамки на отворените денови на институтот за македонски јазик

Шестите отворени денови на институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска ќе завршат со организирана посета на спомен-домот на Блаже Конески во небрегово и на подновената училница во која учел Конески.

Шестите отворени денови на институтот за македонски јазик, кои се одржуваат од 18 до 22 октомври 2021, опфатија и дводневна меѓународна научна конференција „македонскиот јазик – извор на научни истржувања“.

Годинава отворените денови се во знакот на еден век од раѓањето на Блаже Конески и 95 години од смртта на патронот на институтот за македонски јазик - Крсте Мисирков, како и 30 години од независноста на државата.

0 Коментари

Остави коментари