Посебен сообраќаен режим за министерскиот состанок на ОБСЕ - 30 ноември неработен ден за администрацијата
За време на министерскиот самит на ОБСЕ, Скопје ќе функционира под посебен сообраќаен режим, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на 29 ноември ќе заврши во 12:00 часот а 30 ноември се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на Град Скопје.
Од МВР не соопштуваат колку полицајци ќе бидат ангажирани поради безбедносни причини, Посочуваат дека ќе бидат презсмени мерки за обезбедување на делегациите и трасите по кои ќе се движат, особено околу СЦ „Борис Трајковски“ каде ќе се одржува министерскиот состанок на ОБСЕ.
„За обезбедување на овој настан, координирано ќе постапуваат повеќе организациски единици во Министерството. Бидејќи се работи за настан од поголем обем, на кој се очекува присуство на голем број на личности под заштита, покрај полициските службеници од Одделот за заштита на определени личности и објекти, за реализација на предвидените безбедносни мерки и активности ќе бидат ангажирани и полициски службеници од други организациски единици во Министерството за внатрешни работи.“ - велат од МВР
Од министерството за труд и совцијална политика потврдуваат дека на 30 ти ноември, согласно препораките на владата градинките ќе работат, но долнително ќе информираат на кој начин. Сличен став и од министерството за образование, дополнително ќе се одлучува како ќе се надоместат часовите.
“Овие заклучоци не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје - коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање.“ - велат од Влада.
Се наведува во владината одлука, препорака и до фирмите на територија на општина Карпош да го усогласат работењето на 30 ти ноември.
„Се препорачува на општините во градот Скопје и на Град Скопје да ги спроведат заклучоците. Оваа препорака се однесува и на приватниот сектор на подрачјето на градот Скопје, посебно од подрачјето на Општината Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“. - велат од Влада.
Велат од владта. Според проценките на минситерството за надворени работи во Скопје се очекува присуство на околу 1 000 гости. Османи повтори идека ги очекува сите министри на советот на ОБСЕ меѓу кои Блинкен и Лавров. Според МНР организацијата на целиот настан досега чини околу 3 милиони евра.