Посебен сообраќаен режим кон Крушево и во градот
Поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден, од вчера па до денес во 22 часот во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Воведе посебен режим на сообраќај на регионалниот пат Р-1306, делница Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница Крушево – место викано „Слива“, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен.
Секторот за внатрешни работи Битола апелира да локалните жители да се воздржат од движење со работни и земјоделски машини по патните правци во временски период кога се одвива посебен режим на сообраќај.