Поротничката во „ТНТ“ си дала оставка поради закани, па ја повлекла

Поротничката Лилјана Ивановска Кочковска вчера попладне си дала оставка и го известила судот дека сака да се повлече во екот на јавните преписки во судскиот процес „ТНТ“.

Ова за ТВ 24 го потврдија од Кривичниот суд од каде што велат дека поротничката кажала дека оставката е поради притисоци и закани за нејзиното пензионирање.

Од судот тврдат дека и понудиле заштита и потоа ја предомислиле да ја повлече оставката. Не е прецизирано за каква заштита се работи и дали случајот е процесуиран до МВР.

Адвокатот Страшевски во телефонски разговор вели дека има сознанија за оставката и прстот го вперува кон Кривичниот суд.

Во измининатиот период одбраната на екс-градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски неколкупати јавно ја повика да не се појавува на судењата затоа што така ќе направи кривично дело бидејќи пензионерските денови и започнале на 24 декември.

Кривичниот суд препознава, пак, дека одбраната вржи притисоци врз судијата-поротник.