Порфирије: Браќа сме и само браќа

Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфирије, на социјалните мрежи објави видео од пречекот на архиепископот Стефан и владиците од Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) во Белград.

„Како што бијат камбаните на храмот ’Свети Сава‘, така и нашите срца бијат од радост за овој благословен ден. Добродојдовте драги браќа! Добредојде брате архиепископе Стефан и владици. Добродојдовте во заедницата на љубовта вие и целиот ваш богољубив народ. Браќа сме и само браќа!“, напиша Порфирије во објавата со видеото.

Пристигнувањето на архиепископот Стефан и владиците е по повод утрешната заедничка литургија за помирување што ќе се одржи во храмот Свети Сава во Белград. Литургијата за помирување доаѓа откако Соборот на СПЦ пред два дена соопшти дека за Македонската православна црква го прифаќа статусот на најширока можна автономија односно целосна внатрешна независност, кој ѝ бил доделен уште во 1959 година.