Пораз за Меркел или победа за Борисов?
Македонија денеска доби второ вето од Бугарија на Советот за општи работи на ЕУ. Скоро непостоечки се шансите за датум за прва меѓувладина конференција и покрај тоа што следните денови ќе се одржи Европски Совет. Пораз за Меркел или победа за Борисов? Германскиот министер за Европа Михаил Рот на денешната прес конференција изјави дека е лично разочаран, но Македонија да не се обесхрабрува и да бараплан Б. Ќе се работи за време и на Португалското претседателство.
Гости во 24 анализа се: Марија Ристеска - директор на Центар за истражување и креирање на политики, Иван Стефановски - извршен директор на ЕВРОТИНК и Малинка Ристевска Јорданова - Институтот за европска политика.