Пораст на бројот на заразени од коронавирус во регионот
Foto

Пораст на бројот на заразени од коронавирус во регионот

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во земјите од регионот денеска бележи пораст во споредба со претходните денови, а најтешка е состојбата во Унгарија, каде се регистрирани 4.948 инфекции и 107 смртни случаи.

Според извештаите на медиумите, во Србија се регистрирани 3.210 новозаразени и 15 починати.

Во Хрватска, пак, во последните 24 часа се потврдени 520 нови случаи, додека осум лица починале. Во Хрватска се пријавени и два случаи на инфекција со јужноафриканскиот вид коронавирус, а откриен е кај две лица кои се вратиле од Занзибар.

Вкупно 711 новоинфицирани лица се регистрирани во Босна и Херцеговина, а 17 лица починале, што е пораст во споредба со вчерашниот ден, кога имаше 469 новоинфицирани лица.

Во последните 24 часа во Република Српска, Ковид-19 беше потврден кај 192 лица, додека шест смртни случаи беа пријавени во Институтот за јавно здравје на РС.

Во Црна Гора има 543 лица заразени со вирусот и шестмина починати.

Словенија регистрираше 948 нови случаи на коронавирус и 13 починати.

0 Коментари

Остави коментари