Поранешниот советник на Путин, Витали Мански е претседател на жирито на фестивалот „Киненова“
Foto

Поранешниот советник на Путин, Витали Мански е претседател на жирито на фестивалот „Киненова“

Поранешниот советник на Путин и режисерот кој се спротивстави на најмоќните светски лидери, Витали Мански, годинава е претседател на жирито на фестивалот „Киненова“.

Кога станува збор за современата документаристика, во свет во кој социјалните мрежи одиграа главна улога во револцуионерната „Арапска пролет“, особено е тешко за еден филмаџија да најде автентична приказна која веќе медиумски не е обработена неколкупати.

Ова особено се однесува за јавните личности, вклучувајќи ги и светските лидери, за чија медиумски коректна слика се грижат еден куп луѓе во заднина. Па така, се поставува прашањето како тогаш да се навлезе подлабоко во една приказна и да се претстави пред публиката, откривајќи нешто што досега не сме го видела?

Режисерот Витали Мански, едноставно, од својата домашна архива, на светот му „подари“ неверојатно документаристичко дело во кое ја следиме вистинската историска приказна за подемот на Владимир Путин, кој од нигде-никаде одеднаш ја презеде големата Руска Федерација под свое.

Личниот соработник на поранешниот агент на КГБ одблизу имал можност да биде сведок на сите случувања околу новиот „месија“, честопати документирајќи ги и домашните случувања на кои присуствувале најблиските луѓе на Путин. Но, по одредено време, откако од доволна дистанца Мански го погледнал сиот тој материјал, со поинаков пристап и побистар поглед, спакуван во документарен филм, добил сосема нова слика за семоќниот лидер.

Како увертира пред ова генијално документарно сведоштво, авторот пред три години го реализираше исто така контраверзниот и освестувачкиот документарен филм за Северна Кореја насловен како „Под сонцето“. Во тоа време, рускиот автор не секогаш ја гасел камерата кога ќе се викнело „Стоп!“.

Поради сето ова, Мански со сопругата, Наталија, токму од 2015-та година живее во само-егзил во Летонија и често пати во интервјуата истакнува дека по ваквите слободоумни остварувања, тие се плашат за сигурноста во својот понатамошен живот.

„Путиновите сведоци“ е остварување кое минатата година беше прогласено за најдобар документарен филм на престижниот фестивал во Карлови Вари, а домашната публика ексклузивно ќе може да го види во рамките на „Киненова“, во присуство на авторот Витали Мански.

0 Коментари

Остави коментари