Поранешниот синдикалец Митревски за ТВ 24: Потребна е стратегија за поголеми работнички права

Сојузот на синдикати на Македонија не ги застапува работниците онака како што треба - обвинува поранешниот прв човек на Синдикатот Живко Митревски.

Тој во изјава за ТВ 24 вели дека треба да се направи конкретен план за излез од кризата и стратегија во која ќе бидат вклучени и работниците и работодавачите.

Митревски очекува да се врати во синдикалната фотеља според судската разрешница со која како што вели бесправно бил сменет од функцијата.