Поранешниот министер за економија Крешник Бектеш пристигна во судот во Кочани
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеш пренесен во судот во Кочани. По 24 часа минати во полициската станица во Карпош, вечерва ќе биде сослушан пред судија на претходна постапка.
Бектеши во изминативе два дена беше на распит во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани. Покрај Бектеши, и поранешниот Директор на државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште едно лице вечерва се спроведени на сослушување во Основното јавно обвинителство кочани.