Поранешни медицински директори на клиниките, чии работни места беа укинати од владата се враќаат како советници
Владата се откажа од економските директори на клиниките, ама само на хартија. Еден од поранешните директори на дестката клиника станал советник во истата клиника.
Левица обвинува, дека иако економските директори беа укинати, тие се прераспределуваат во други институции од секторот здравство, за и натаму да раководат со установите. Пратеничката, Јована Мојсоска за ТВ 24 вели дека Владата продолжува со назначување на лица кои незаконски управуваат со болниците, иако немаат високо медицинско образование. Додаваат дека документацијата која ја имаат обезбедено е за Детската клиника, и таа покажува класична злоупотреба на службената положба и кривично дело според Законот за кривична постапка.
„Она што е скандалозно е што оваа клиника повторно е узурпирана од кланот Мемети, односно се работи за двачца братучеди. А моментално на таа клиника е назначен Реџеб Мемеди а додека како консулатнт е ангажиран неговиот братучед Алјдин Мемети. Она што е скандалозно е што во минатото Алајдин Мемети беше ангажиран како економски директор на оваа клиника и поради малверзации тој беше разрешен уште во времето на СДСМ и ДУИ.“ - вели Јован Мојсоска пратеничка на Левица.
Телевизија 24 побара став од Министерството за здравство и од одговорните лица за осноси со јавноста. Официјален одговор не добивме. Телефонски ни соопштија дека се во голема гужба и до утре ќе добиеме објаснување.
Инаку, пред два месеци, владата со законско решение укина 22 економски директори и уште пет кои беа в.д организациски директори на клиниките и останатите здравствени установи низ државата. Целта беше да се намалат функционерите во здравствениот систем, а со тоа и да се заштеди буџетот од исплата на директорски плати. Но, сега опозициската партија преку докази обвинува дека добар за дел од тие политичари повторно ќе се измисли некоја функција за која ќе добиваат солидна плата.