Пораки од Министерскиот совет

ОБСЕ е живо, неговата вредност е колку повеќе се користи за надминување на несогласувањата. Блокадата или непочитувањето на принципите на Организацијата е директна закана кон нејзините основни вредности за кои се заложува уште од 1975 година, се главните пораки од Министерскиот совет на ОБСЕ што вчера се одржа во Скопје.

На обвинувањата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров упатени кон ЕУ и САД за непочитување на принципите на ОБСЕ и уништување на организацијата, еврпските лидери му возвратија осудувајќи ја руската агресија врз Украина и упатувајќи силна поддршка за украинскиот народ, дел и напуштајќи ја салата кога тој го почна своето обраќање.