Порака до Брисел - итна деблокада на евроинтеграциите на Македонија и на Албанија

Европската Унија треба ургетно да го деблокира почетокот на преговори со Македонија и со Албанија и не смее да дозволи Западен Балкан да го остави како отворено прашање и отворена рана, порача денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи, во однос на тоа колку е реално ситуацијата со Украина да се прелее на Балканот. 

Европската унија треба сега да ги увиди последиците од дестабилизацијата на регионот, или од опасноста за влегување на трети сили на Балканот, укажаа и гостите во синоќешната анализа на ТВ 24. 

Членот на австриската Народна партија во европарламентот Лукас Мандл, оцени дека се разбирливи барањата за членство на Украина во Европската унија. Но тој додава дека пред да се случи тоа во унијата треба да бидат прво примени земјите од Западниот Балкан.