Поради закана со бомба евакуиран облакодер со четири амбасади во Мадрид
Foto

Поради закана со бомба евакуиран облакодер со четири амбасади во Мадрид

Полицијата го евакуирала четвртиот највисок облакодер на Шпанија „Торе Еспасио“, во кој се сместени амбасадите на Велика Британија, Канада, Австралија и на Холандија, поради закана од бомба. Службите за вонредни состојби, вклучувајќи ги и пожарникарите и полицијата, веднаш пристигнале на самото место. Полицијата побарала од оние кои се во зградата и во нејзина близина да ги следат упатствата на персоналот за обезбедување. Облакодерот е висок 235 метри и има 57 ката.

0 Коментари

Остави коментари