Поради полицискиот час нов термин за баражот Македонија - Романија
Foto

Поради полицискиот час нов термин за баражот Македонија - Романија

Женската ракометна репрезентација на Македонија реваншот од баражот со Романија за пласман на Светското првенство во декември во Шпанија ќе го игра во нов термин. 

Наместо на 21. април од 17:45 часот како што беше најавено, дуелот ќе се игра истиот ден, но од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Причината за ваквата промена е полицискиот час во државата, кој трае од 20:00 до 05:00 часот наутро.

Првиот натпревар селекциите го играат на 17. април во 17 часот, во салата „Поливалента“ во Букурешт. Победникот од овој двомеч ќе обезбеди мундијалски билет.

0 Коментари

Остави коментари