Поради неприлагодена брзина загинаа 21-годишно момче и 48-годишен маж во Пинтија
Foto

Поради неприлагодена брзина загинаа 21-годишно момче и 48-годишен маж во Пинтија

Дваесет и едногодишно момче и 48-годишен маж загинаа синоќа во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, кај населбата Пинтија.

Несреќата, како што информира МВР, се случила околу 22 часот при судир на две возила „голф“ и „пежо“.  На самото место загинаа 21-годишниот Ш.С. од село Батинци и 48-годишниот З.Ѓ. од Драчево.

На местото на несреќата е извршен увид, по што треба да се утврди причината за оваа тешка сообраќајна несреќа. Телата на починатите се предадени на обдукција. 

Според неофицијални информации, причината за несреќата била брзото возење. Очевидци на несреќата раскажале дека едниот автомобил претекнувал со околу 160 километри на час.

 

0 Коментари

Остави коментари