Поради екстремно загаден воздух во Кичево и Битола издадени мерки и препораки
Засилени инспекциски контроли во индустриските капацитети, вонредни контроли за техничката исправност на возилата, работодавците да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма - министерството за животна средина издаде препораки за Битола и Кичево поради енормно загадениот воздух.
- Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата.
- Забрана на горење на отворено;Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот. Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено. - Министерство за животна средина и просторно планирање.
А и во Скопје се дише тешко. Денеска е рангиран во првите 10 најзагадени градови во Европа. Воздухот кој го дишеме беше означен како нездрав na платформа IQ Air. Граѓаните револтирани, велат како да ни е одземено правото да дишеме, дишеме отров.
„Немам зборови, тоа мора да се реши.“
„Тие што се надлежни и компетентни се најмалку изгледа заангажирани.“
„Не отвараме одамна прозорци, ние отвараме прозорци кога сме во Маврово, овде не смееме. Некој треба сериозно да си ја чукне главата и да понесе одговорност не заслужуваме ние како граѓани на Скопје па и пошироко и во другите градови да живееме толку лошо, нешто очигледно криво е насадено “
„Ние не можеме да дишеме, дишеме отров .“
„Не отвараме прозорци имаме прочистувач дома за воздух и тоа е и сега е загаден ама мораме да излеземе.
Од Зелен хуман град велат дека поразително е тоа што претениците во Собранието и советниците гласаат мал буџет за животната средина. Според нив со толку малку средства инспекторатот за животна средина нема да може да си ја врши работата и да постапува по законите. Дополнително, невладините додаваат дека има само 21 инспектор на ниво на цела држава од кои повеќето се пред пензија.
„Пратениците во собранието како и советниците во град Скопје повторно го изгласаа буџетот со кој се определува само 0,8 од вкупните народни пари за животна средина и после тоа секако дека нема ни да можат да направат било што околу подобрување на животната средина, бидејќи не оделиле доволно пари и средства за тоа. Ова е трагедија толку е ниска свеста за тоа од која буквално ни зависи животот.“ - Ивана Дракулевска Зелен хуман град.
Според последниот извештај на Светската банка, во Македонија годишно умираат скоро 3000 луѓе од здравствени компликации предизвикани од загадениот воздух. Лекарите препорачуваат на граѓаните при излегување надвор да носат заштитна маска или шал, па дури и ако имаат можност да набават прочистувачи на воздухот за домашните и работните простории.
Прашина и кал на булеварите и тротоарите, сообраќаен хаос, урбано лудило. Ова се изворите на загадување кои со години го трујат градот но властите според состојбата на терен очигледно ништо не преземаат.