Попушта притисокот во болниците - во скопските ковид центри слободни околу 70 кревети
Попушта притисокот во болниците. Податоците за изминатите 24 часа покажуваат дека во скопските ковид центри биле примени 52 нови пациенти, додека дома се пуштени 68 оздравени, со што оваа бројка се очекува да се зголеми поради отпис на нови оздравени од ГОБ „8 септември“.
Утрината имало околу 70 слободниБројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во болниците во земјава веќе неколку дена бележи тренд на намалување. За тоа сведочат бројките на дневна основа кои доаѓаат од задравствените установи во кои се лекуваат болни со коронавирус. Нема простор ниту за паника, ниту за карантин во Прилеп, чиј градоначалник пред неколку дена побара карантин за неговиот град, поради зголемениот број заразени.
Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче кој денеска го посети Прилеп и заедно со градоначалникот заклучиле дека нема потреба од дополнителни рестрикцији, бидејќи сегашните мерки имале ефект. Филипче рече дека болницата во Прилеп е одлично организирана, мобилизирани се сите лекари, медицински сестри, помошно технички персонал и го поздрави апелот на градоначалникот Илија Јованоски, по кој одреден број матични лекари веќе се пријавиле да волонтираат во приелпската болница.
Во велешката болница трет ден по ред бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 се намалува. Денеска таму се лекуваат 59 пациенти, што е за шест помалку од вчера и за 12 пациенти помалку од завчера. Сепак, десет пациетни повеќе од вчера, денеска добиваат кислородна поддршка, односно дополнителен кислород примаат 25 пациетни, за разлика од вчерашните 15.
Слична е и состојбата во Штип. Во тамошната болница се хоспитализирани 50 пациенти на инфективното и тројца на кожното одделение, каде што се сместуваат пациетни со полесна клиничка слика. Од болницата велат дека притисокот врз оваа здравствена инсистуција се намалува, но за разлика од тоа, а слично како и во Велес, се зголемува бројот на пациетни со потешки симптоми. Во штипската болница 29 пациенти, или повеќе од половината се на кислородна поддршка.
Слично е и во Кочани, каде што болничките капацитети се половично исполнети. На истокот од земјава има околу 1800 активни случаи со ковид-19. Сепак, во епидемијата е во полн ек во Тиквешијата, која денеска постигна неславен рекорд од 63 новозаразени, но и ова не е конечна бројка, бидејќи анализи од тестови се уште се обработуваат. На ковид одделот во кавадаречката болница се хоспитализирани 39 пациенти со средно-тешка клиничка слика, но се во стабилна состојба, велат од болницата.
кревети. Сепак голем дел од хоспитализираните се на кислородна поддршка. Се намалува бројот на пациенти и во болниците во други градови. Гостиварската болница го отвори одделот за нефрологија за прием на болни од ковид 19.