Поповски за Трилинг: Борејќи се против корупцијата СДСМ сами станаа дел од неа
Борејќи се против корупцијата сами станаа дел од неа и никогаш во последниве години не анализираа кои се причините за незадоволството и перманентниот пад на поддршката - брзањето за избор на нов лидер е уште еден показател дека ваквите избрзани чекори може да немаат никаков позитивен ефект, напротив да ја повлечат партијата во уште поголема провалија-оценува еден од основачите на СДСМ и екс министер во владата на Бранко Црвенковски, професорот Никола Поповски во интервју за Трилинг на ТВ 24.
Покрај Поповски во емисијата е и Арбен Таравари веројатно идниот министер за здравство во владата на Мицкоски.