Поповски: Претседателските кандидати уредно ги доставија првите извештаи за донации

Претседателската кампања е  во последната недела. Седуммината кандидати ги поднесоа првите  извештаи  за примените  донации на нивните  трансакциски  сметки за изборната кампања. 

Кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ Гордана  Силјановска Давкова има собрано повеќе од 320 000 евра донирани  од 526 физички лица, кандидатот на коалицијата  Вреди Арбен Таравари  околу 8 500 евра, Кандидатот за претседател на ЗНАМ  Максим Димитриевски од донации има добиено  ооколу 7 000 евра. Кандидатите за претседател   Стево Пендаровски на СДСМ  и Бујар Османи на ДУИ  немаат податоци за донации во поднесените првични  извештаи. Кандидатката на Левица професорката Билјана Ванковска од донации за изборната кампања  има околу  17 000 евра, а  кандидатот за претседател на ГРОМ Стевчо  Јакимовски околу 15 000 евра. Интересно е што тие  и сами донирале за изборната кампања..Јакимовски 2500 евра, а Ванковска си донирала околу 3000 евра. 

Александар Поповски од Државниот завод за ревизија вели дека седуммината кандидати ги испочитувале роковите и ги доставиле првите извештаи за финансирањето на изборната кампања и донациите. Но со измените на изборниот законик рапортирале само за примените донации, а сите трошоци ќе треба да ги достават во вкупните финансиски извештаи. Системски  слабости  вели е што може да легнуваат донации на трансакциската сметка и  по завршување на изборите се до затворање на сметката, а дополнително и  чланарината, како дозволен извор на финансирање.

Поранешниот антикорупционер Владимир Ѓеорѓиев за ТВ 24 вели дека до 2021  година  направени се 34 измени на изборниот законик  непосредно или по распишување на изборите без почитување на меѓународните стандарди во однос на изборната регулатива. Најчестите прекршувања во  изборната кампања  се почеток на градежни и инфраструктурни проекти, вонредни исплати плати, придонеси, субвенции и вработувања. 

Покрај претседателските кандидати и  партиите пред стартот на кампањата треба да поднесат извештаи за финансирање на изборните кампањи.