Попоски: Подобро Заев да не потпише договор во Бугарија

„Денес е многу тешко да речеме дека имаме црвени линии, не треба оценки да носиме за тоа што ќе се случи денес. Може да замислиме дека Германците ќе ги притиснат Бугарите, тие ќе попуштат, но тука работата не е завршена. Но дали тоа ќе ја промени крајната цел на Бугарија, тука лежи вистинскиот проблем. Не гледам дека Заев и Османи одат со дефанзива во Бугарија. Тоа што сте потпишале нешто не ја сменило крајната цел кај другиот. Подобро да не потпишете. Нас никој не ни го бараше Договорот со Бугарија во 2017-та. Денес сме во иста позиција како и пред потпишувањето на договорот со Грција. Тие (власта) гледале само да добијат симпатии кај народот“ рече поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски во Студио 10 на ТВ24.