Поплавите во Облешево ја загадија водата за пиење
И денеска продолжува санацијата на критичните точки, каналските системи, куќите и дворовите кои беа поплавени по излевањето на реката во Облешево. Но денеска, жителите се соочуваат со нов проблем.Водата за пиење, поради поплавата, е заматена и не можат да ја пијат.
Тони Максимов, жител на Облешево
- Тешко се повлекува бидејќи лежи водата таму кај што има длабоки површини. Во дворовите уклучивме пумпи сега за вода. Имаме друг проблем сега. Водата за пиење ни е заматена бидејќи ние немаме водовод, водоводна мрежа, користиме длабински буари со хидрофори. Значи не можеме да ја користиме за пиење, мораме да ја превриваме, да купуваме.
Од Центарот за упавување со кризи за Телевизија 24 потврдуваат дека водата е забранета за пиење и велат дека работат на санација на инфраструктурата.
ЦУК
- Се уште се санираат одредени критични точки, на каналскиот систем за потреба на наводнување на земјоделските површини, додека паралелно се работи на санација и на инфраструктурата во делот на одводните системи-фекалната каналска мрежа. Во однос на испумпувањето на водата од поплавените дворови и објекти процесот од страна на комуналното претпријатие и ТППЕ е завшен. Исто така има поплавени бушотини за вода за пиење каде што водата е загадена и има забрана за пиење.
Надојдената Кочанска река зад себе остави уништени домови, поплавени дворови, уништени ниви и уништена механизација. Жителите на село Облешево велат дека надлежните треба почесто да ги чистат речните корита се со цел да се избвегнат вакви поплави во иднина
Пред но и зад камерата на Телевизија 24 раскажуваат дека надојдената вода им нанела големи штети. Покрај домовите, уништен е и оризот од годинешната жетва.
- Ориз има многу поплавен, дворовите се полни со вода, кујни што имаат се е катастрофа. Водата нема каде да оди. Не знам што ќе биде. Со ова што се ископа тука можеби нешто ќе се намали но голема количина на вдоа е. Не знам што ќе биде. Добро е што не врне, ако почне пак да врне ќе биде лоша работа.
Во делот на поплавувавњето кај куќите имаме магацински простори каде што скалдираме ориз и оризот е уништен. Дел од живата стока ја изнесовме и немаме штета кај неа бидејќи ја изнесовме на повисоки места. Она што го имаме како градинарски култури како оранжерии што ги користевме се е уништено. При мали врнежи се случуваат вакави услови, вакви невремиња кога ќе имаме со мали врнежи. Доколку дојде до поголеми врнежи катастрофите се поголеми.
За испумпување на водата, расчистување на дворовите, магацините и куќите покрај механизацијата на Општина Чешиново – Облешево, се користеше и механзиација на Кочани и Штип.
Градоначалникот на Чешиново – Облешево, Јорданчо Костадинов вчера во изјава за Телевизија 24 ги повика граѓаните да ги пријават настанатите штети предизвикани од поплавата за да може да се направи проценка.
Телевизија 24 испрати прашања до Владата за тоа дали ќе има помош од нивна страна за граѓаните кои настрадаа од надојдената вода. Но до објавување на овој прилог не добивме одговор.

