Поплави во делови од Македонија
Врнежите од дожд повторно предизвикаа поплави во делови од државата. Во текот на ноќта, поради излевање на Зајашка Река во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи, евакуирани се околу 180 лица.
Во Скопје, пријави за поплавени делови има во селата Идризово, Буковиќ, Зелениково како и во населбата Радишани. Пријави за поплави има и во Гостивар а свлечиште е регистрирано на патниот правец Тетово – село Џермо.

