Попладнево во Охрид почна да се отстранува бетонската база во сопственост на советникот Нефи Усеини.
Foto

Попладнево во Охрид почна да се отстранува бетонската база во сопственост на советникот Нефи Усеини.

Усеини како што за тв 24 најави уште пред неколку дена денеска почна да ја отстранува базата со сопствена механизација и работници. Тој преку писмо кое го достави до нашата редакција се жали дека периодов наназад бил неправедно обвинуван и посочуван како главен виновник за проблемите со Унеско.

Во писмото Усеини тврди дека немал намера ниту помисла да работи на штета на Охрид, туку напротив и бара властите да изнјадат соодветен простор во регионот за поставување на базите.

„На градоначалникот Константин Георгиевски и останатите надлежни институции треба да им биде јасно дека крајбрежјето и голем дел од заштитните зони на овој регион долги години бесправно се злоупотребуваат од страна на стотици фирми и поединци!Затоа упатувам порака до сите надлежни да не постапуваат селективно во овој процес и конечно сите без исклучок да ги почитуваат законите.“ - пишува Усени во писмото.

 

0 Коментари

Остави коментари