Попладнево средба Заев - Ахмети во Влада

Попладнево во Владата ќе се сретнат премиерот Зоран Заев и неговиот коалициски поатнер, Али Ахмети, потврдуваат за ТВ 24 партиски извори и од СДСМ и од ДУИ. Најавената реконструкција на Владата главна тема на средбата.

Таканаречената „метла“ премиерот Заев ја најави по првиот круг на претседателските избори и најави чистка во сите ешалони на власта. 

Министрите на ДУИ цело време порачуваа дека за нивниот ангажман надлежен е исклучиво Ахмети. 

Тој пак вчера повтори дека, според ДУИ, потребно е „ветинг“ на сите функционери.