Попладнево нов протестен марш во кочани во организација на здружението „16-ти март 2025 Кочани“
Родителите на загинатите во кочанската трагедија сега обединети во Здружението на граѓани „16-ти март 2025 Кочани“ денеска повторно ќе маршираат низ кочанските улици по предвидената маршрута која почнува од Паркот на револуцијата во Кочани, преку трговскиот центар и зградата на општината по што ќе се упатат кон полициската станица и пред зградата на Основниот суд и Обвинителство во Кочани.
Маршот почнува во 18 часот и пет минути укажувајќи на симболиката за задоцнетата институционална реакција. Родителите на загинатите својот жал по предвреме изгубените животи на своите чеда го надоградија и со недоверба кон системот дека некогаш ќе дојдат до правда.