Пописот – вовед во нова епизода на меѓупартиски преговори
Foto

Пописот – вовед во нова епизода на меѓупартиски преговори

По најавата за бојкот-власта почна да размислува за лидерска средба. Откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави бојкот на попис - СДСМ не ја исклучува можноста за нова лидерска средба. Социјалдемократите повторно уверуваат пописот ќе биде по европски стандарди, посочувајќи дека процесот не смее да се политизира.

Во прилог на тоа дека власта размислува за преговори со опозицијата е и најавата дека предлог законот за попис набрзо нема да се најде пред пратениците на матичната комисија. Од државниот закон за статистика, пак очекуваат законското решение до крајот на овој или следниот месец да биде донесено.

ВМРО-ДПМНЕ не отстапува - предлог законот е спорен – бараат консенуз и лидерска по ова прашање. Од патијата не сакаат да дадат зелено светло за како што велат фалсификат кој за малку не се случил во 2011 година. Од ВМРО-ДПМНЕ велат постои сомнеж дека предлог законот кој се наоѓа во собраниските фиоки е истиот оној кој бил јавно достапен за сите. 

Според законот ќе има и етничка графа, попишувањето ќе биде комбинаирано, а роднините доколку ги имаат податоците ќе можат да ги попишат и иселени од државата - во која категорија ќе влезат ќе зависи од тоа дали се иселени подолго или пократко од една година. Опцијата граѓните да имаат право да попишуваат блиски личности- нема да значи можност за фалсификат – дециден е дирекотрот на статистика.

Граѓаните што се надвор повеќе од една година да не се попишуваат е едно од главните правила на Еуростат за кое беа и најголемите проблеми на релација Груевски - Ахемти во 2011 година.

Екс премиерот откако се прекина пописот изјави дека бил фалсификуван токму со попишувања на лица, преку роднини, кои не живеат повеќе од една година во земјава, но со прекинувањето на пиписот, уништувањето на пописиниот материјал тоа никогаш не се докажа. СЈО отвори и просец за пописот, во кој се осомничени Никола Груевски и Али Ахемти. Во петок во 13 општини во земајва ќе започне пробниот попис на населението.

0 Коментари

Остави коментари