Попис на населението во Црна Гора

Пописот на населението во Црна Гора започна во недела на 3 декември. Дирекцијата за статистика на Црна Гора (Монстат) соопшти дека во следните 15 дена попишувачите ќе бидат на терен од 8 до 20 часот.

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ изјави дека пописот е добро подготвен.

„Покажавме дека Црна Гора има функционални институции и одговорни поединци подготвени да градат мостови за европската иднина“, изјави премиерот Спајиќ.

Пописот се одвива откако властите и опозицијата се договорија под кои услови ќе се одржи.

„Ги повикуваме сите граѓани слободно да се изразат“, рече на 1 декември Данијел Живковиќ, од опозициската Демократска партија на социјалистите.а