Поништено гласањето на избирачкото место 2564 во Ѓорче Петров
Foto

Поништено гласањето на избирачкото место 2564 во Ѓорче Петров

Државната изборна комисија го поништи гласањето на избирачкото место 2564 во Ѓорче Петров бидејќи во кутијата имало 3 ливчиња повеќе а од кочанот недостасувале дополнителни две. Избирачкиот одбор на ова изборачко место е разрешен и за нив ќе биде покрената дисциплинска постапка. Според првичните официјални резултати на државната изборна комисија, за Стево Пендаровски гласаа 323 674 лица додека пак за Гордана Сиљановска Давкова гласаа 319 206 лица. Од 17 часот и 20 минути почна да тече 48 часовнит рок за приговори.

0 Коментари

Остави коментари