Помпео на средби со Лавров и Путин во Сочи
Foto

Помпео на средби со Лавров и Путин во Сочи

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска ќе престојува во Сочи на средби со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Според најавите од Москва, главни теми на средбата Лавров – Помпео ќе бидат продолжувањето на Договорот за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ) и кризата со Иран, до која дојде со повлекувањето на САД од договорот за иранската нуклеарна програма.

Кремљ соопшти дека по состанокот, Лавров и Помпео ќе се сретнат и со Путин, кого ќе го информираат за резултатите од нивните разговори, а ќе разгледаат и други прашања.

Денешниот состанок меѓу Лавров и Помпео ќе биде нивна втора средба овој месец, по минатонеделните разговори во Финска.

Инаку, Помпео вчера требаше да престојува во Москва, но наместо тоа отпатува во Брисел на средба со шефовите на дипломатиите на Велика Британија, Германија и Франција и со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини. 

0 Коментари

Остави коментари