Помина изборниот законик, прекорена шестката
Foto

Помина изборниот законик, прекорена шестката

По 4 часот утрово, Собранието го изгласа изборниот законик. Општините Дебар и Маврово-Ростуше се селат од шестата во петтата изборна единица, според измените во Изборниот законик што попладнево стигнаа во парламентот, а се предложени од координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

Сè до денеска беше неизвесно дали воопшто измените на Изборниот законик ќе влезат во собраниска процедура на само неколку дена пред распишување на изборите, а уште понеизвесно беше дали промените ќе се однесуваат и на границите на изборните региони – на што инсистираше ДУИ, а СДСМ тврдеше дека сега нема време за тоа. Сепак, измените стигнаа денеска во парламентот, по скратена постапка, и веројатно усогласени меѓу трите најголеми партии во Собранието. Со нив се интервенира во близу 60 члена од Изборниот законик, кој, според објаснувањата, се усогласува со препораките на ОБСЕ/ОДИХР од мониторингот на последните изборни циклуси во земјава.

Иако од ДИК имаше укажувања за отстапувања во бројката на гласачи во четири  од вкупно шест изборни единици, овој пат, со измените, се интервенира единствено во „шестката“, која ги опфаќа Тетово, Гостивар, дел од Кичево од каде што се селат гласачи во петтата ИЕ. За таму беше посочено дека „прагот“ на гласачи е надминат за 8,60 проценти.

0 Коментари

Остави коментари