Полупразна собраниска сала за реконструкцијата на Влада

Реплики и контра реплики речиси за се освен за реконструкцијата на влада.

Вака течеше и денешното петто продолжение на седницата на која се дискутираше за разрешувањето на министрите и замениците од Алтернатива откако на дневен ред дојде министерот за информатичко општество Адмирим Алити.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и денеска со прашања до Алијанса која е причината поради која како што велат Ковачевски ги убеди да бидат негов нов владин коалициски партнер 

И денеска не изостанаа барањата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нивните говори и реплики да ги чујат нивните колеги од парламентарното мнозинство и премиерот Ковачевски кој и овој пат доцнеше на продолжението на седницата .

И денеска собраниската сала речиси полупразна или исполнета само со присуството на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и по некој пратеник од парламентарното мнозинство.