Полуавтоматскиот офсајд систем ќе дели правда во Серија А

Најсилната фудбалска лига на Италија од првиот натпревар во 2023 година ќе го воведе полуавтоматскиот офсајд систем кој се користеше и на Светското првенство во Катар, потврди раководството на Серија А.

– Ситемот донесе брзина во проверката на недозволените ситуации и неговата имплементација е со цел забрзување на играта, нешто што е во прилог и на фудбалерите и на навивачите кои во минатото знаеја да се пожалат од долгите ВАР проверки – тврдат од Серија А.

Оваа технологија покажа неколку милиметарски недозволени ситуации во Катар. Но и милиметарски дозволени позиции како третиот гол на Аргетнина во големото финале.