Половина од возниот автобуски парк во Македонија треба да се прати на топење во скопска Железара - како старо железо
Foto

Половина од возниот автобуски парк во Македонија треба да се прати на топење во скопска Железара - како старо железо

Репарирани стари автобуси, со фалсификувани документи како нови се возат по патиштата низ Македонија, а државата замижува на тоа, тврди за Телевизија 24 Златко Велковски, поранешен сопственик на туристичка агенција и екс возач на автобус.

Велковски, кој е добар познавач на состојбите во автобускиот транспорт, вели дека фирмите не ги почитуваат законите за превоз на патници, а полицијата и инспекциите не ги санкционираат. Резултат на тоа се честите автобуски несреќи кои се случија во последните неколку години.

Превозниците немаат пари за скапи автобуси. Тоа ги тера да нудат ниски цени, што значи неквалитетна услуга. Законот обврзува за секој автобус да има вработен возач, но речиси ниту една компанија во земјава не го почитува. Инспекторатот надлежен за контрола крева раменици - не можеме да престасаме.

Замижувањето при техничките прегледи на возилата и здравствените на возачите, немањето дозволи и лиценци, претоварувањето на автобусите, во опасност го доведува дури и ученичкиот превоз.

Министерот за транспорт Благој Бочварски за Студио 10, запрашан зошто автобусите во земјава често се расипуваат среде тура, вели дека тоа е работа на друга институција.

И додека надлежните си ја префрлаат одговорноста, Велковски вели дека решението е едноставно. Наместо партиски послушници, во институциите да се вработат професионалци, во автобусите да се забранат тахографи со ленти и да се воведат дигитални, а поставувањето  камери кои ќе го снимаат и патот и внатешноста во автобусите да биде задолжително.

0 Коментари

Остави коментари