ПОЛНИ СТРАНСКИ ФОНДОВИ, НЕМА ОПШТИНСКИ УМОВИ ДА ГИ ИСКОРИСТАТ
Foto

ПОЛНИ СТРАНСКИ ФОНДОВИ, НЕМА ОПШТИНСКИ УМОВИ ДА ГИ ИСКОРИСТАТ

Странците даваат пари, а нашиве општини не знаат да ги искористат. Светската банка нуди 70 милиони евра за изградба на локални патишта, а општините немаат капацитети сами да подготват документација за да аплицираат за грант. Затоа Министерството за финансии решило да изработи документација за за над 35 општини со што ќе можат да аплицираат за грант во Министерството за транспорт и врски.

„Општините имаат проблеми со капацитетите за изготвување и најчесто документациите се нецелосни и не ги задоволуваат критериумите на меѓународните организации што значи општините имаат проблем во подготовката на техничките документаци, дел се работи поради квалитетот на документациите, а јас би рекла и поради капацитетите кои ги имаат за изработка на вакви документации како што се бараат. Жално е што имаме достапни фондови за користење а не се користат за да се подобри животот на граѓаните.“ - Нина Ангеловска – Министерка за финансии.

„Не се работи само за пристапот до пари туку квалитетните проекти и квалитените предлози се најважната состојка за да имаме успешно спроведување во вашите општини.“ - Марко Мантованели- директор на канцеларијата на Светска банка во Скопје.

 Секоја општина може да добие од 500.000 до 2 милиони евра. Овие пари освен за санирање и изградба на локалните патишта, општините ќе можат да ги искористат за изградба на потпорни ѕидови, мали свлечишта, пешачки и велосипедски патеки како и воведување на школски автобуси. Министерот за транспорт и врски вели дека парите нема да одат директно кај општините, туку сите тендери ќе се распишуваат преку минситерството.

„Покриена е цела држава и со тие средства нема да располагаат општините, туку со донесените проекти овде, министерството ќе врши јавни набавки и тендери на тие проекти.“ - Горан Сугарески – Министер за транспорт и врски. 

Во Министерството за транспорт и врски веќе е формирана проектна единица за спроведување на проектот, до која општините може да доставуваат проекти. Министерот Сугарески апелира градоначалниците да аплицираат и да ги искористат парите што им се нудат за да се подобрат условите и животот на граѓаните.

0 Коментари

Остави коментари