„Политика“: Од Црна Гора ќе бидат протерани најмалку 50 свештеници и монаси на СПЦ
Foto

„Политика“: Од Црна Гора ќе бидат протерани најмалку 50 свештеници и монаси на СПЦ

Над 50 свештеници, монаси и монахињи и членови на свештенички семејства од редовите на Српската православна црква (СПЦ) остануваат без дозвола за престој во Црна Гора, при што на околу 30 веќе им е даден рок од еден месец да ја напуштат државата, додека за останатите се очекува истото, изјави протојереј-ставрофор Велибор Џомиќ.

– Налогот на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, со кој се откажува гостопримството на повеќе од 30 нерезидентни свештеници и монаси кои служат во една од четирите епархии на Српската православна црква во државата Црна Гора, претставува продолжение на незаконски дејства со кои се продолжува прогонот на свештенството и монасите, изјави Џомиќ за „Политика “.

Тој оцени дека таквата одлука на црногорското МВР не е правна, туку политичка, дополнувајќи дека сите поднесени жалби се одбиени.

0 Коментари

Остави коментари