Политички „земјотрес“ во ДУИ: Ќе биде ли тоа закана за опстанок на владата?
Дали краткотрајниот политички земјотрес во ДУИ е вовед во поголеми тектонски потреси во партијата или закана и за опстанокот на Владата?
Овие прашања се актуелизираа откако дваесетина истакнати членови на ДУИ во јавна реакција обвинија дека одлучувањето станало индивидуално, дека не постои консултација со базата и речиси две години нема отчет за работата на Владата и политичката програма.
Како одговорен за ваквите состојби го посочија првиот вицепремиер Артан Груби.
Ракип Дочи, поранешен висок функционер на ДУИ, кој беше и директор на скопски „Комуналец“, поддржувајќи ја иницијативата на „огнената група“ предупредува дека откако партискиот лидер застана зад Груби ДУИ ќе биде на патот, по поразот од Беса во Тетово, да ги загуби позициите и во Скопје, а оттаму, вели, се отвораат повеќе бездни...