Политички судир околу ребалансот на буџетот
Ребалансот на Буџетот ги судри власта и опозицијата – во Собранието втор ден расправа во комисијата за финансирање и буџет.
Власта тврди - средствата се насочуваат кон развој, опозицијата обвинува дека е резултат на недомаќинско трошење и се сомнева дека парите не се за нови проекти туку за покривање на долговите.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека за тоа дали буџетските средства се правилно распределени најдобро говорат податоците за растот на БДП и буџетскиот дефицит.
Согласно проекциите, за годинава се очекува економски раст од 3,5 проценти, инфлација од 4,5 проценти, а буџетскиот дефицит 4,1 процент. За овој ребаланс на буџетот опозицијата поднесе 226 амандмани.

