Политички „потрес“ во САД: Демократите слават победа во Сенатот и Претставничкиот дом

На меѓуизборите во САД, Демократската партија ќе има мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот. Трамп и Републиканците претрпеа тежок дебакл, дури и го загубија Тексас – нивното големо упориште. Во оваа јужна американска држава Демократите не победиле повеќе од 30 години, но сега нивниот кандидат Џејмс Таларико убедливо го победи Кен Пакстон, кандидат поддржан од Трамп.

Гласачите одлучуваа за 435 места во Претставничкиот дом и 35 сенаторски, како и за гувернерски функции во 36 федерални држави. По изборна ноќ во која гласачите остро го отфрлија вториот мандат на претседателот Доналд Трамп, пристигна неговата прва реакција: „Доколку моето име беше на гласачкото ливче, ќе победевме со убедлива разлика!“.

Победата на Демократите отвора можност Хаким Џефрис да стане првиот Афроамериканец на функцијата претседател на Претставничкиот дом. Демократката Кеиша Ланс Ботомс победи во трката за гувернер на Џорџија, со што стана првата црномуреста жена избрана на чело на некоја американска сојузна држава. Соединетите Американски Држави на вчерашните избори го избраа и првиот хомосексуалец член на Сенатот – Крис Папас, демократот кој извојува победа во Њу Хемпшир. Историски резултат постигнаа и во Канзас, каде што Адам Хамилтон го победи актуелниот републикански сенатор Роџер Маршал. Демократите последен пат имале сенатор од оваа држава во 1932 година.