Политички обвинувања за кадровските смени во РЕК Битола и РЕК Осломеј
Foto

Политички обвинувања за кадровските смени во РЕК Битола и РЕК Осломеј

Откако по низата хаварии, немањето доволно јаглен и потфрлањето на домашно производтсво на струја, дел од одговорноста за енергетската криза ЕСМ ја лоцираше кај првите луѓе на РЕК Битола и Осломеј - во јавноста низа од рекации.

Според поранешниот директор на РЕК Битола Спиро Мавровски смени треба да има но мора да се почне од врвот. За ТВ24 вели домашното производство е недоволно и неизбежно е дека ќе има поскапување на струјата. 200 илјади тони јаглен кој, во моментов ги има на депонијата на РЕК според него е доволен за само еден месец.

Од државните електрани тврдат дека интензивно се работи на ископ на јаглен, а дополнително се набавува и преку тендер. Во моментов обезебдени се 90 илјади тони кој треба да стигнат од Албанија. Откако потфрли домашното производство - загубите кои државата ги надополнуваше со увоз на струја од странство, и кои често беа и без најава само за октомври ќе ја чинат 16,5 милиони евра.

Реакција и денеска имаше од опозициската ВМРО-ДПМНЕ - бараат професионални кадри во енергетиката.

„Скоро 40 милиони евра државата ќе плати за месецов што измина затоа што РЕК Битола нема јаглен, а хидроакумулациите се празни и не произведуваат струја. Струја која сега е платена и купена од увоз од домашните капацитети можела да се произведе за цена и до 5 пати поефтино.“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За власта и државната ЕСМ - новоназначените директори се луѓе со искуство во секторот. ЕСМ најави и други кадровски поместувања во комбинатите за да се зголеми процесот на прозиводство и да се справат со енергетската криза.

 „ВМРО-ДПМНЕ партијата која како власт го урниса енергетскиот сектор а цената на струјата ја зголеми за 100 отсто денес како опозиција омаловажува искусни кадри кои се посветени на надминување на предизвиците во енергетиката.“ - велат од СДСМ.

Владата на 9-ти месецов прогласи кризна енергетска состојба во траење од 30 дена, со цел финансиски да им се помогне на енергетските компании. Надлежните вчера повторија дека нема да има рестрикции на струјата за домаќинствата, но и дека нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година.

0 Коментари

Остави коментари